ПРОГРАМА за дејствување на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово за 2020 и 2021 година
Визија
Визијата на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единсто и спас АМБ – ДНЕС Куманово е консолидиран и еднаков третман на сите граѓани во РСМ без разлика на национална, етничка и верска определба и припадност.
Мисија
Мисијата на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово е воспоставување и впишување на Македонските Бугари во Уставот на РСМ како конститутивен народ
Стратешки цели
Стратешки цели на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единсто и спас АМБ – ДНЕС Куманово се :
Основна цел на Алијансата е:
Воспоставување и впишување на Мекедонските Бугари во Уставот на РСМ како конститутивен народ
Останати цели на Алијансата се :
- Спроведување на попис во РСМ
- Соработка со други организации во РСМ и странство
- Заштита на човекови права
- Учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во РСМ
- Унапредување на родова еднаквост
Активности за 2020-2021
- Донесување на финансиски план за 2020 и 2021 година
- Лобирање до надлежните институции за остварување на стратешките цели на Алијансата
- Зголемување на бројот на членови
- Соработка со слични организации од РСМ и странство
- Активна комуникација со фондации со цел за стратешка и финансиска поддшка.
- Креирање на интернет портал и профил на социјални медиуми со цел да се поттикне интеракција со младата популација
- Организирање на едукативни настани, работилници и предавања
- Други прашања кои не се предвидени во програмата, а во текот на оваа или наредната година ќе се појават како важни за решавање.