4 Септемви 2020, Куманово, Република Северна Македонија
Почитувани представници на медиуми,
Ве информираме дека на 4 Август 2020 година се формира Алијанса на Македонските Бугари – Движење за Национално Единство и Спас скратено АМБ-ДНЕС.
АМБ – ДНЕС е формирана со цел Македонските Бугари да се впишат како конститутивен народ на Република Северна Македонија.
Време е да се спроведе попис на населението, со што би покажале дека Македонските Бугари се релевантен фактор за стабилноста и сигурноста на државата.
Македонските Бугари се народ кој веќе е признаен и препознаен во Европската Унија и како такви Македонските Бугари ќе бидат дел од македонската европска администрација, каде ќе покажат и докажат дека Република Северна Македонија може и треба да стане дел од семејството на народите на Европската Унија.
Нашиот слоган кој произлегува од вредностите на Европската Унија, доволно покажува колку сме како народ битни за стабилноста и сигурноста на Република Северна Македонија.
„Ние не сме камен на сопнување – туку мост на спојување“