Skip to content

Ексклузивно интервју со г-дин Драган Цветковски за основање на бугарска политичка партија “ЕВРОПСКИ ПАТ” во РСМ

Во ова интервју во видео формат кое ќе се емитува на официјалната веб страница на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас или скратетно АМБ – ДНЕС, претседтелот на АМБ – ДНЕС, Драган Цветковски ќе зборува за активностите на Алијансата и за идните проекти кое тоа ги подготвува.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Една од главните активности на кое работеше Алијансата е формирање на политичка партија. Во тој контекст господине Цветковски за јавноста и за Вашето членство, кажете ни поконкретно за проектот т.е за формирањето на политичката партија? Како дојдовте до идејата за ваков чекор и дали сега е вистинскиот момент?

Драган Цветковски: АМБ-ДНЕС е основоположник и иницијатор на идејата за внесување на македонските бугари во Уставот на РСМ уште од јули 2020 година. Од тогаш, секојдневно работиме на подобрување на животот на сите граѓани во РСМ и за што побрзо зачленување на земјата во ЕУ.
Членството и симпатизерите на АМБ понесени од  веќе сработеното во изминатите три години, поднесе иницијатива за формирање на политичка партија ЕВРОПСКИ ПАТ.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Кои активности ги превзедовте во меѓувреме, пред да го најавите формирањето на ЕВРОПСКИ ПАТ?

Драган Цветковски: АМБ-во jули 2022 поднесе молба до Собранието за назначување на времен вршител на должност пратеник од редот на бугарската заедница. Молбата беше поднесена до Комитетот за Односи меѓу Заедниците во Собранието. Времениот вршител на должност пратеник задолжен за бугарската заедница во РСМ, се бира од веќе постоечкиот пратенички состав. Во октомври 2022 година поднесена е и ургенција на молбата, но ниту од Собранието, ниту од пратениците до ден денес не добивме одговор.
Соочени со фактот дека пратениците и Собранието во изминатата година и пол не функционираат, потребата за формирање на политички субјект на самата Бугарска заедница е оправдана и неопходна.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Самото име на партијата укажува на фактот дека ова партија ќе се залага за европската перспектива на земјата. Како Вие како политички субјект ќе придонесете, помогнете, државата полесно да се интегрира во ЕУ? Каков е Вашиот став по оваа прашање?

Драган Цветковски: Европскиот пат е единствениот пат по кој во иднина ќе чекориме и само со наша целосна желба и посветеност ќе влеземе како полноправна членка во ЕУ.
Од моја гледна точка тој пат е многу пократок од 10 години, затоа што ние европските граѓани во РСМ, сме спремни и сакаме нашите драги пријатели, соседи, колеги да ги почувствуваат предностите и придобивките од членството во ЕУ.
Да не забравиме дека ЕУ, САД и сите амбасадори на дневна основа активно работат РСМ и регионот што побргу да се приклучат на Европскиот пат.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Како вие како Алијанса, а понатака и како политичка партија го оценувате работењето на власта и надлежните институции во однос на реформите, пред се во правосудството и борбата со криминалот и корупцијата?

Драган Цветковски: Од досегашната работа на Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика на спроведување на реформите во сите сегменти.
Самата политичка партија ЕВРОПСКИ ПАТ, планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Партијата ЕВРОПСКИ ПАТ е сепак обединување на етничките бугари во Македонија и е партија со бугарски предзнак. Дали во партијата ќе членуваат само бугари условно речено или истата е отворена и за останатите етнички заеници? Каков е Вашиот концепт на овој план?

Драган Цветковски: Иницијативата за формирање на политичката партија ЕВРОПСКИ ПАТ отпочнува со проект “Влада во сенка”.
Затоа ги повикуваме сите политички субјекти во РСМ како и сите граѓани од останатите етнички заедници активно да ни се приклучат во сеопшто движење за национално единство и спас и формирање на “Влада во сенка” – ЕВРОПСКИ ПАТ.

Целото интервју може да се погледне на официјалниот канал на АМБ – ДНЕС на линкот.

Скопје, 04. 04. 2023