Skip to content

Статистиката од пописот гарантира 2300 работни места за Македонските Бугари пред промена на Уставот изјави г-дин Драган Цветковски

Во ова интервју кое се емитуваше пред месец дена на официјалната веб страница на Алијансата на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас или скратетно АМБ – ДНЕС, претседтелот на Алијансата Драган Цветковски зборуваше за активностите на ова здружение  при што најави и формирање на политичка партија. Со цел навремено информирање на јавноста и членство реализираме продолжение на интервјуто со претседателот Цветковски кој ќе зборува за активностите кои се превземени во меѓувреме. Тој ќе изнесе и податоци односно статистика со бројки за тоа колку бугари има регистрирано а колку живеат во и надвор од државата.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Господине Цветковски најпрвин кажете ни до каде е законската процедура во Собранието за назначување времен вршител должност пратеник од бугарската етничка заедница? Имате ли некои нови информации и сознанија?

Драган Цветковски: Првиот нареден чекор ке биде да ја информираме канцеларијата на ЕУ во Скопје за непостапување по молбата од страна на комитетот при Собранието и ке инсистираме да дознаемеме кој и зошто не ја става на дневен ред. Исто така ке го алармираме и ЕУ парламентот во Брисел за тоа.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Напоменaвме дека во интервјуто ќе изнесете и бројки за тоа колку Бугари егзистираат во Македонија. Според вашите анализи колкав и нивниот број и како дојдовте до овие сознанија?

Драган Цветковски: Бугарската заедница на РСМ, ја сочинуваат Македонски Бугари т.е иматели на двојни државјанства кои се на број околу 120 000 од кои веќе 19 645 се попишани и Македонци со бугарска самосвест, т.е луѓе кои се во постапка за добивање на двојно државјанство, чија што бројка се движи околу 35 000.
Од погоре кажаното евидентно е дека бугарската заедница во РСМ е околу 160 000, бројка која не е конечна, затоа што во неа ги нема впишано малолетните деца на самите иматели на двојни државјанства.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Знаеме дека во Македонија се спроведе најголемата статистичка операција –попис на населнието и домаќинствата. Имаше одредено незадоволство во однос на пописот од страна на бугарската заедница. Можете ли да ни појасните подетално како Вие гледате на ова прашање.

Драган Цветковски: За потсетување би кажал и дека поголемиот дел на политичките партии во РСМ, не го признаваа пописот, зошто беше спроведен во две етапи или половично во Септември 2021 и Март 2022, при што и графата за етничка припадност остана непотполнета од 280 000 лица, на што претседателот на МАНУ во Август 2022 предложи графата да биде избришана од пописните резултати.
Ова само по себе предизвикува сомнеж и алудира на тоа дека овие 280 000 лица се припадници на бугарската заедница во РСМ. Ако на тоа ги додадеме и веќе евидентираните 19 645 иматели на бугарското државјанство, излегува бројка од 300 000 Македонски Бугари во РСМ. Би сакал да појаснам дека луѓето од Бугарската заедница т.е Македонски Бугари се родени во РСМ од семејства кои во минатото билe бугарски семејства и сите имаат биолошка врска преку своите родители кои и ден денес поседуваат лични документи за бугарска припадност.
Поголемиот дел од Македонските Бугари привремено се раселени во потрага по работни места и обезбедување на егзистенција за своето семејство а голем дел од нив размислуваат и за трајно иселување од РСМ, затоа АМБ планира да го спречи тоа со  имплементација на Агенција за вработување во јавна администрација од редот на Бугарската заедница во РСМ . Преку Агенцијата до 2025 треба да се вработат околу 30 000 Македонски Бугари во институциите во РСМ.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Според етничката карта што ја презентиравте што им следува на Бугарите во Македонија во однос на вработување и влез во институции? Каков е вашиот став во однос на промена на Уставот?

Драган Цветковски: Владата во Скопје мора да ги испочитува веќе постоечките закони во РСМ за вклучување на Македонските Бугари како трајни вработувања во институциите на РСМ и тоа пред промена на Уставот.
Откако Државниот Завод за статистика ги објави резултатите од пописот во Април 2022, бројката од 19 645  иматели на двојно државјанство Македонски Бугари, доаѓаме до 1,1% од резидентното население во РСМ, што по балансерот значи дека на Македонските Бугари во моментот им следуваат 2300 вработувања во државна администрација, по веќе постоечките закони во РСМ и тоа пред запишување на Македонските Бугари  во уставот на РСМ.
Во моментов во РСМ има 1354 институции, што подразбира дека на членовите на АМБ-ДНЕС денес им следуваат 2 работни места, во оваа прва фаза профилот на работните места подразбира помошник министер , помошник директор, помошник началник.

 

Габриела Димковиќ Мишевска: Како гледате на отпорот на опозицијата кон прашањето за влез на Бугарите во институциите и што е она што би требало власта да го направи во идниот период? Имате ли контакт со претсваниците на власта?

Драган Цветковски: Што се однесува до политичките фактори во РСМ кои се противат за ЕУ иднината на РСМ, за внесување на Македонските Бугари во уставот, ги потсетуваме дека поголемиот дел од Македонците на возраст од 50-80 години се родители на Македонски- Бугари и Македонци со Бугарска самосвест кои живеат во РСМ во склоп на исто семејство.
Исто така во самата опозиција има и представници на малцинските заедници кои се ЕУ-ориентирани, така да по мои информации Владата веќе има потребен број на пратеници.
Од Македонската Влада очекуваме сериозно да ги свати препораките од АМБ-ДНЕС и преку Министерство за политички систем и односи со заедниците да изготви план и програма за вработување на 2300 Македонски Бугари во институциите на РСМ, не подоцнаод 31.05.2023

Целото интервју може да се погледне на официјалниот канал на АМБ – ДНЕС на линкот.

Скопје, 03 мај 2023