Skip to content

Барање за отворање на поликлиника во Куманово

  • by

Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас доставува

Б А Р А Њ Е

 До Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија наменето за Претседателот на Република Бугарија за Владата на Република Бугарија и за Министерството за Здравство во Република Бугарија , заради отворање на Поликлиника во Куманово – Република Северна Македонија .

 Куманово е најголем град во северно-источниот регион во Република Северна Македонија , кон кој гравитираат Крива Паланка , Кратово и Свети Николе има повеќе од 17.000 Македонски Бугари со Бугарско државјанство и околу 7.000 Македонци со Бугарска самосвест кои се во процедура за добивање на Бугарско државјанство. Поради сето оваа , повеќе од неопходно е отворање на Поликлиника во Куманово .

 Потреба за отворање на Поликлиника во Куманово е и фактот дека во Куманово има околу 13.000 инвалиди од НАТО мисии од кои повеќе од 6.000 се Македонски Бугари . Но и покрај фактот што Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО сојузот , Владата во Скопје сеуште нема отпочнато изработка на план и стратегија како системски да и помогне на оваа категорија на граѓани .

 Поради горе наведеното имаме потреба да ни излезете во пресрет за отворање на Поликлиника во Куманово , затоа што потребите за адекватна медицинска грижа на инвалидите од НАТО мисии со тек на времето се продлабочија .

Заради ефикасност и функционалност потребно е да бидат фузирани на едно место .

 

Со почит

Координатор за Здравство, труд и социјала

Г-ѓа Гордана Нестора