По барање на АМБ-ДНЕС, а во соработка со одреден број македонски институции и министерства, е основан РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ Скопје кој се грижи за заштита на правата на лицата кои се стекнале со инвалидитет како последица од нивната работа во воените зони на НАТО мировните мисии.
Согласно ова сакаме да ве известиме и да упатиме апел до вас како основен и најважен фактор за остварувањето на правата на оваа категорија на луѓе за целосно почитување на сите законски прописи како законот за заштита на правата на пациентите, законот за евиденции во областа на здравството како и законот за ментално здравје, а со цел овие луѓе да си ги остварат своите правата како на здравствена заштита така и на социјална заштита.
Упатуваме АПЕЛ до сите лекари, специјалисти и супспецијалисти пациентите од оваа категорија на луѓе редовно да бидат внесувани во Националниот систем за електронска евиденција во здравството согласно чл. 9 ст. 6 од законот за евиденции во областа на здравството.
Овој апел гои упатуваме се со цел пациентите како повратниците од НАТО мировните мисии да си ги остварат своите права во својата држава.
Со почит,
РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ
Скопје 29 април 2022