Skip to content

ИЗВЕСТУВАЊЕ / АПЕЛ / ПОВИК од РЕПУБЛИЧКИ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ Скопје

Посебен апел до психијатрите и невропсихијатрите во РСМ.

Согласно чл. 22 од законот за менталното здравје лекарот – психијатaр, невропсихијатар е должен при приемот на лицето со ментална болест веднаш да ги извести родителите, законските застапници или други лица од кругот на лицата кои живеат во заедничко домаќинство со лицето со ментална болест – во спротивно согласно чл. 40 став 1 точка 13 од Законот за ментално здравје може да им биде изречена глоба во износ до 5.000 евра во денарска противвредност на правното лице.
Покрај паричната казна од ставот 1 на овој член на правното лице ќе му се изрече забрана за вршење на дејност до две години.

Овој апел го упатуваме со цел семејствата на пациентите од НАТО мисии да можат благовремено да реагираат пред надлежните органи во РСМ.

Со почит,
09 Мај 2022 Скопје
РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ