Изработка на предлог иницијатива до владата на Република Бугарија, до Министерство за надворешни работи на Република Бугарија и до претседател на Република Бугарија, за отворање на конзулат на Република Бугарија во Куманово, Република Северна Македонија.
Потребата за отворање на конзулат на Република Бугарија во Куманово, Република Северна Македонија се следни.
- Куманово како најголем град во северно-источниот регион во Република Северна Македонија, кон кој гравитираат Крива Паланка, Кратово и Свети Николе, има повеќе од 17.000 Македонски Бугари со Бугарско државјанство, и околу 7000 Македонци со бугарска самосвест, кои се во процедура за добивање на бугарско државјанство. Исто така во последните година дена до нас на дневна база пристигаат голем број на барања за отпочнување постапка за добивање на Бугарско државјанство од новосознаени македонци со Бугарска самосвест . Па така, повеќе од неопходно е отворање на Конзулат во Куманово заради секојдневната интеракција и соработка помеѓу нас .
- Потреба за отворање на Конзулат во Куманово е и фактот дека во Куманово има околу 13.000 инвалиди од НАТО мировни мисии , од кои повеќе од 6.000 луѓе се Македонски Бугари. Но и покрај фактот што Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО сојузот , Владата во Скопје сеуште нема отпочнато изработка на план и стратегија, како системски да им помогне на оваа категорија на граѓани.