Со овој повик РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ Скопје ги известува и ги повикува сите повратници од воените зони на НАТО мировните мисии да се пријават во РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР како поранешни вработени во некои од компаниите кои работеле за потребите на НАТО армиите во нивните мировните мисии во воените зони во светот.
По барање на АМБ-ДНЕС, а во соработка со одреден број македонски институции е основан РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ со цел оваа категорија на луѓе да можат да си ги остварат своите права, како во својата држава така и правата кои им следуваат од нивниот работен однос во компаниите кои вршеле дејност во
воените зони.
РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ може да им помогне на повратниците од воените зони на НАТО мировните мисии за остварување на своите права
и тоа:
– право на соодветна лекарска грижа и заштита, – право на социјална заштита,
– право на надомест на штета од работен однос и – други права кои им следуваат согласно македонските позитивните законски норми , како и законите на САД.
Со почит,
РЕПУБЛИЧКИОТ ЦЕНТАР ЗА НАТО ИНВАЛИДИТЕТ
Ул. 50-та Дивизија бр. 34 лок. 8 Скопје
E-mail: [email protected]
Скопје 26 април 2022