Skip to content

Предлог Иницијатива

Предлог Иницијатива за формирање на работна група во врска со директна и секојдневна медицинска , социопсихолошка  и  законодавно-правна  помош на 13.000 семејста на инвалидизирани лица од Нато мисии во Република Северна Македонија од кои околу 6.000 семејства на Македонските Бугари во Република Северна Македонија

До

  1. Председател на РСМ и Врховен Командант -Г-дин Стево Пендаровски
  2. Председател на Влада на РСМ – Г-дин. Зоран Заев
  3. Подпредседател на Влада на РСМ задолжен за Корупција во Владата  на РСМ –Г-дин Љупчо Николовски.
  4. Здружение на Инвалиди од Нато Мировни Мисии на РСМ –Верба и Надеж Куманово
  5. Амбасада на Соединетите Американски Држави во РСМ
  6. Амбасада на република Бугарија во РСМ
  7. Канцеларија на НАТО во РСМ
  8. ОСЦЕ
  9. Канцеларија на Европска Унија во РСМ

Членот  273 став 3 од ЗКП предвидува дека секој може да пријави кривично дело кое се гони по службена должност,па пријавителот ја поднесува оваа пријава со цел да укаже на сторители на кривични дела за да ги заштити човековите права и да помогне во владеење на правда, право и правна држава.

Со оваа сакаме да Ве информираме дека ние како Алијанса на Македонските Бугари – Движење за национално единство и спас АМБ-ДНЕС Куманово на 02 Декември 2020  имаме поднесено кривична пријава до Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија ОЈО за Организиран Криминал и Корупција Скопје против една  организирана криминална група за сторени кривични дела :

– Фалсификување исправа од член 378 став 1 од КЗ

– Употреба на исправа со невистинита содржина член 380 став 1 од КЗ

–  Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од КЗ

 

Дел од оштетените – Инвалиди од Нато Мировни Мисии граѓани на  Република Северна Македонија т.е. Куманово, лекари специјалисти од  Градска Болница во Куманово  воопшто не знаат дека во нивно име се издаваат лични документи а дел од оштетените не се ни свесни дека некој им го краде идентитетот.

Основна цел на формирање на оваа работна група е еднаш и засекогаш да престане игнорантскиот однос на  извршната власт на Република Северна  Македонија спрема своите Граѓани – без разлика дали тие биле македонски-македонци , македонски-бугари , македонски-албанци или други .

Останати планирани активности се и формирање на Регистар на инвалидизирани лица од Нато мировни мисии во РСМ и  тоа  во директна и секојдневна  комуникација помеѓу  – Здружение на инвалиди од Нато мировни мисии на РСМ –  Верба и Надеж Куманово и Амбасада на САД во РСМ  од една страна и секојдневна комуникација помеѓу АМБ-ДНЕС Куманово со Амбасада на Република Бугарија во РСМ и г-дин Љупчо Николовски од друга страна.

Би ги замолил Г-дин Стево Пендаровски и Г-дин Румен Радев како Врховни Команданти на две земји членки на НАТО Алијанса да бидат носители на оваа иницијатива и  да си помогнат еден на друг и да соработуваат како би нашле решение за помош на инвалиди од Нато мировни мисии,без разлика на тоа дали тие биле Македонци , Бугари , Албанци и др.

 

 

Претседател на АМБ-ДНЕС                                            15 Декември 2020

Г-дин Драган Цветковски                                                          Куманово