Skip to content

Предмет: Барање за отворање на канцеларија на Европскиот суд за човекови права во Р.С. Македонија

До

Европскиот суд за човекови права

The Registrar
European Court of Human Rights
Council of Europe
F-67075 STRASBOURGH CEDEX

 

Од

Алијанса на Македонските Бугари –

движење за национално единство и спас

АМБ – ДНЕС Куманово

 

Предмет: Барање за отворање на канцеларија на Европскиот суд за човекови права во Р.С. Македонија

 

РС Македонија како потписничка на Европската конвенција за човекови права, има свој претставник – судија во Европскиот суд за човекови права.

Согласно анализите кои се правени, може да се заклучи дека една од водечките држави по број на претставки од своите граѓани и компании против неа и нејзините институции пред Судот за човекови права во Стазбу е РС Македонија.

Според најновите анкети во РС Македонија за рејтингот на правосудниот систем е утврдено дека тој изнесува 8%, што значи дека само 8% од граѓаните во РС Македонија имаат доверба во правосудниот систем на својата држава. Како поткрепа на ова зборува и бројката на секојдневно поднесени претставки – жалби до Европоскиот суд за човекови права од граѓаните и компаниите во РС Македонија.

Согласно наведеното му предлагаме на Европскиот суд за човекови права да го разгледа ова барање и да отвори своја канцеларија во РС Македонија, со цел да излезе во пресрет на нашите граѓани и компании и да го олесни нивниот пристап до правдата, односно пристапот до овој суд.

Со отворањето на канцеларија на Европскиот Суд на човекови права во РС Македонија не само што ќе се олесни пристапот на граѓаните и компаниите до остварувањето на своите фундаментални и основни права туку ќе се зголеми и довербата на граѓаните и компаниите во правосудниот систем.

 

Со почит,

Алијанса на Македонските Бугари –

движење за национално единство и спас

АМБ – ДНЕС Куманово

Претседател

Драган Цветковски